Лацио преку Верона до четвртата позиција

Во средбата од 25-то коло на италијанското фудбалско првенство Лацио во Рим ја победи рома со 2:0 и се проби на четвртото место на табелата на Серија А.

Верона успеваше да одолее на притисокот на домашните играчи во текот на целото прво полувреме, но во продолжението Чир Имобиле на двапати ја проби гостинската одбрана, во 55 и 60 минута.

На првенствената табела води Наполи со 66 бодови, еден помалку има актуелниот шампион Јувентус, Рома е трета со 50 бодови, додека сега Лацио има 49. Интер е петти со 49 бодови, а потоа следат Сампдорија и Милан со по 41 бод. Верона остана претпоследна 19-та со 16 бодови.