Лацио сигурен против Удинезе

Во заостанатиот натпревар од 12-то коло од италијанското фудбалско првенство Лацио пред своите навивачи во Рим убедливо го надигра Удинезе со 3:0 (1:0), додека во заостанатиот меч од 3-то коло Рома на гости ремизираше со Сампдорија.

Лацио поведе со голот на Самир во 22 минута а во продолжените победата на домашните ја потврдија Нани во 47 и Фелипе Андерсон во 87 минута.

Со оваа победа Лацио се издвои на третото место на табелата со 46 одови три повеќе од четвртиот Интер, а осум помалку од водечкиот Наполи, односно седум бодови зад второпласираниот Јувентус. Удиензе остана деветти со 29 бодови.

Во средата вечерта својот неодигран дуел го изиграа и Сампдорија и Рома, кои ги поделија бодовите со погодоци кои паднаа во судиските продолженија на двата дела. Сампдорија поведе преку Кваљарела од пенал во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме, додека Рома од поразот ја спаси Един Џеко во првата минута од продолжението на вториот дел.

Сампдорија е шеста на табелата од Серија А со 34 бодови, седум помалку од петтата Рома.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.