Лацио сигурен со Парма, драматична победа на Рома кај Болоња

ANSA/GIORGIO BENVENUTI

Во последниот натпревар од четвртото коло од италијанското фудбалско првенство во неделата вечера Лацио во Рим со 2:0 ја совлада Парма.

Римските „Небесносини“ поведоа уште во 9 минута со голот на Чиро Имобиле, а по еден час игра водството го удвои Адам Марусик. Лацио е сега петти на табелта со седум бодови, додела Парма е 15-та со три бода.

Фиорентина во последните десетина минути од мечот го испушти сигурното водство на гостувањето кај Аталанта и воедно првата победа сезонава. Гостите имаа водство од 2:0 до кое стасаа со головите на Федерико Киеза во 25 и Франк Рибери во 66 минута, но прво за домашните намали Јосип Иличич во 85 минута, а потоа во петтминутното судиско продолжение израмни Тимоти Кастање.

Фиорентина со два бода е последна 20-та, додека Аталанта не успеа бодовно да се израмни со Наполи на третото место со девет бодови, па сега има седум бодови на шестото место на табелата, колку што има и седмата Болоња.

Фудбалерите на Рома остварија драматична победа на гостувањето кај Болоња со 2:1, со голот на Един Џеко во последната минута од судиското продолжение кога со глава спроведе центаршут во противничката мрежа. „Волчицата“ поведе во 48 минута со голот на Алескандат Коларов од слободен удар, но многу набрзо во 54 минута од пенал Никола Сансоне. Со трите бода Рома стаса до четвртата позиција на табелата со осум бодови, еден повеќе од градскиот ривал Лацио.

Наполи со 4:1 беше убедлив на гостувањето кај Лече, а погодоците за победникот ги постигнаа Фернандо Љоренте во 29 и 82 минута, како и Исниње во 40 минута од пенал и Фабиан Руиз во 53 минута, а почесниот погодок за домашните го постигна Марко Макосу во 62 минута. Наполи е трет со девет бодови, бод зад вториот Јувентус и три зад водечкиот Интер, а Лече со само три бода е на 18-то место.

Сампдорија ја оствари првата победа сезонава со голот на Маноло Габадини во 57 минута го победи гостинскиот тим на Торино, кој со шест бодови 10 место. Сампдорија, пак, со трите досега нанижани пораза е претпоследна 19-та со трите во неделата освоени бода.

Во првиот саботен меч Сасуоло со 3:0 беше убедлив против СПАЛ, а стрелци беа Франческо Капуто во 27 и првата минтуа од судсикото продолжение, и Алфред Данкан во 48 минута. Сасуоло е шести со шест бодови, а СПАЛ со три бода е 17-ти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.