Лацио славеше на „Сан Сиро“

ANSA / MATTEO BAZZI

Во вториот од двата неделни дерби натпревара во италијанската Серија А, римски Лацио на миланскиот стадион „Сан Сиро“ го совлада Интер со 1:0 .

Победничкиот погодок на „небесносините“ го постигна Сергеј Милинковиќ-Савиќ во 13 минута, кој поентираше со глава, откако на втората статива го пронајде Лиус Алберто. Гостите од Рим во првото полувреме имаа уште две одлични шанси, но и во двете прилики домашниот голман Самир Хандановиќ одлично реагираше. Во 42 минута со глава шутираше Каичедо, а во последните моменти од првиот дел Алберто силно шутираше од работ на шеснаесетникот. Интер во првиот дел имаше само една сериозна можност, во 43 минута шутираше Кеита Балде, но Тома Стракоша беше на место.

Гостите имаа убавна прилика во 55 минита кога Каичедо излезе сам пред Хандановиќ, но словенечкиот голман уште еднаш излезе како победник. Ниту Чиро Имобиле во 60 минута не успеа да го совлада Хандановиќ. Интер во вториот дел беше исто така неубедлив, а единствена шанса домашните ја имаа во 65 минута кога Матео Политано шутираше над голот.

Со оваа побеа Лацио, кој дојде до 48 бодови и е на шестото место минувајќи го градскиот ривал Рома за еден бод и е на местото кое води во Европската лига, сега со натпревар помалку има само три бода помалку од четвртиот Милан со 51 бод, кој ја држи последната позиција која води во Лигата на шампионите. Интер остана трет со 53 бодови, десет помалку од вториот Наполи а 15 помалку од водечкиот Јувентус.