Во последните неделни средби од 19-то коло од италијанското фудбалски првенство Лациа го победи Сасуоло со 2:1, додека Сампдорија на гостувањето ја порази Парма со 2:0.
Лацио до четвртата последователна низа дојде со пресврт. Гостите поведоа во 6 минута со голот на Франческо Капуто, но „небескосините“ во продолжувањето направите резултатски пресврт преку Сергеј Милинковиќ Савиќ во 25 и Чиро Имобиле во 71 минута.
Со победата Лацио дојде до 7-то место на табелата со 34 бодови, колку што има и 6-от Наполи но кој има и меч помалку. Сасуоло, пак, остана на 9-то место со 30 бодови.
Сампдорија гостувањето кај Парма го реши во своја полза уште во првото полувреме. Стрелци беа Маја Јошиода во 25 и Кеина Бладе Диао во 34 минута. Сампдорија се задржа на 10-то место со 26 бодови, а Парма е претпоследна 19-та со 13 бодови, еден помалку од 17-то Торино кое е на местото кое гарантира опстанок во лигата.
На чело на Серија А е Милан со 43 бодови, два помалку има Интер на втората позиција, додека третаа е Рома со 37 бодови. Аталанта и Јувентус имаат по 36 бодови, но торинската „Стара дама“ има и еден меч помалку.