Лацио со пресврт против Интер на второто место, го врати Јуве на врвот

16 February 2020. ANSA/ANGELO CARCONI

Во големот дерби од 24-то коло на италијанското фудбалско првенство, Лацио на својот „Олимпико“ со пресврт го совлада досега водечкиот милански Интер со 2:1, што му помогна на актуелниот шампион Јувентус повторно да се искачи на врвот на Серија А.

Гостите од Милано во водство во 44 минута ги динесе Ешли Јанг, но во вториот дел „Небесносините“ направија пресврт. Прво Чиро Имобиле во 51 минута реализираше пенал, а потоа во 70 минута целосен пресврт направи Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Лацио со оваа победа се искачи на второто место со 56 бодови, два повеќе од третиот Интер кој до ова коло беше водечкиот на табелата. Јувентус е прв со 57 бодови, а Аталанта е четврта со 45 бодови.

Наполи со минимална 1:0 победа на гостувањето кај Калјари го прескокна својот неделен ривал на табелата на Серија А. Единствениот погодок го постигна Дриес Мартенс во 65 минута. Наполи со новите три бода стаса до осмото место со 33 бода, еден повеќе од десеттиот Калјари, а меѓу нив е Болоња со 33 бода.

Претходно во неделата Јувентус привремено се врати на вровот на табелата победувајќи ја дома со 2:0 Бреша. Клучниот момент од дуелот се случли во 37 минута, којга Аје со прекршок на работ од својот шеснаесетник го запре Бетенкур и за тоа доби втор жолт картон, односно исклучување, а Паоло Дибала потоа од слободен удар го доведе Јуво во водство. Во продолжението од мечот Хуан Квадрадо во 75 минута погоди за 2:0.

Јувентус има 57 бодови, а Бреша остана претпоследна 19-та со 16 бодови, шест помалку од 18-та Џенова која го држи местото кое води во доигрување за опстанок.

Фиорентина оствари висока 5:1 победа на гостувањето ка Сампдорија. Хрватскиот интернационалец Милан Бадељ беше исклучен поради два жолти картона во 44 минута, но Фиорентина тогаш веќе имаше сигурно водство од 3:0, а домашните не успеаја да ја искористат предноста.

Фиорентина поведе со автоголот во 9 минута на Мортен Торсби, а потоа Душан Влаховиќ во 19 и Федерико Киеса во 41 минута реализираа два пенала. И со играч помалки Фиорентина го зголеми водствот, со по уште еден погодок на Влаховиќ во 58 и Киеза во 70 минута. Сампдорија успеа да погоди дури во првата минута од судиското продолжение.

Фиорентина направи голем исчекор во бегството од опасната зона, и сега има 28 бодови и е на 13-то место, а Сампдорија остана на 23 бода, на 17-то место, бод повеќе од Џенова.

Удинезе и Верона во Удине одиграа 0:0, и сега Верона е шеста со 35 бодови, колку што има и седмата Парма, додека Удинезе е 15-ти со 26 бодови.

Колото во понеделник ќе го затворат со меѓусебен дуел Милан и Торино.