Лацио тргна со победа, лудница на милански „Сан Сиро“

Milan 26 September 2020. ANSA / MATTEO BAZZI

Фудбалерите на милански Интер во својот прв меч сезонава во Серија А во рамките на второто коло во натпреварот кој изобилуваше со пресврти на крајот на својот терен ја совладаа Фјорентина со 4:3 (1:1).

Гостите од Фиренца први поведоа со погодокот на Кристијан Куаме во 4 минута, а Интер успеа да израмни во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме преку Лаутаро Мартинез. „Нераѕурите“ направика резултатски пресврт во 53 минута со автоголот на Фередико Чекерини, но многу набрзо Фиорентина повторно го презема водството со два брзи погодока во 59 минута на Гаетано Кастровили и во 64 минута на Федерико Киеза. И кога се чинеше дека фаворизираниот и амбициозен тим на Интер ќе забележи домашен пораз, на сцената стапија Ромелу Лукаку и Данило Д’Амброзио кои погодија во 88 односно 90 минута.

Лацио кој во второто коло го одигра првиот натпревар од новата сезона го совлада Калјари на гости со 2:0. Стрелци за „небесносините“ беа Мануел Лаѕари во 5 и Чиро Имобиле во 75 минута. Ова беа првите бодови за Лацио, а Калјари остана на еден бод, освоен во првото коло.

Новиот прволигаш Беневенто направи голем пресврт во Џенова и ја совлада домашната Сампдорија со 3:2 (1:2).

Сампродија дојде во водств на самиот почеток на натпреварот, а стрелци беа Фабио Кваљарела во 9 и Омар Колеј во 19 минута. Меѓутоа, гостите во игра ги вратио со два гола по прекини нивниот капитен Лука Кардиола, во 34 и 73 минтуа, а во 89 минута победата ја донесе Гаетано Летиција.

И за Беневенто ова беше првиот натпревар во сезоната во Серија А, додека Сампдорија и по двата настапи остана без бодови.

Во првиот саботен натпревар Аталанта како гостин го совладаа Торино со 4:2 (3:1). Торино поведе преку својот капитен Андреа Белоти во 12 минута, но Аталанта многу брзо направи пресврт со головите на Алехандро Гомез во 14 и на Луис Муриел во 22 минута. Во 43 минута Ханс Хатебоер го зголеми водството на гостите на 3:1, но веќе во следната минута Белоти со својот втор погодок на мечот ги врати надежите на домашните.

Во продолжението беше постигнат само еден погодок, во 54 минута Матен де Роон, со кој тимот од Бергамо повторно создаде два гола предност која до крајот на мечот можеше да расте но неговите напаѓачи не беа прецизни.

Ова беше првиот натпревар на Аталанта во новата сезона во Серија А, додека Торино и по вториот меч остана без бодови.

Во недела на програмата се дуелите: Специја – Сасуоло, Наполи – Џенова, Хелас Верона – Удинезе, Кротоне – Милан и дербито Рома – Јувентус, а колото ќе го затвори мечот меѓу Болоња и Парма.