Лацио убедлив против Фиорентина

ACF Fiorentina vs SS Lazio at Artemio Franchi Stadium in Florence, Italy, 10 October 2022 ANSA/CLAUDIO GIOVANNINI

Во последниот дуел од деветтото коло на италијанското фудбалско првенство, Лацио во Фиренца ја совлада Фиорентина со дури 4:0.

Римскиот тим до значајната победа дојде со погодоците на Матијас Векино во 11, Матија Закањи во 25, Луис Алберто во 85 и Чиро Имобиле во првата минута од судиското продолжување на натпреварот.

Со оваа победа Лацио поради подобрата гол-разлика дојде до третото место на табелата во Серија А и ја предвои групата тимови со ист број бодови 20, како и Удинезе и Милан. Во водство е Наполи со 23 бодови, а второпласиранита Аталанта заостанува зад него два бода.

Фиорентина остана на 13-то место со девет бодови, четири повеќе одекупите кои се во опаснарта зона.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.