Лага е дека Македонците и Албанците се мразат, вели Мицкоски, тоа е измислено од тие кои гледале само личен бизнис и корист

Лага е дека Македонците и Албанците се мразеле меѓу себе. Ниту јас, ниту било кој околу мене мрази некого. Обичните Македонци и Албанци, исто како и Турците, и Србите и сите останати одлично се разбирале меѓу себе. Ѕидовите биле поставувани од оние политичари кои во тоа гледале бизнис и лични интереси. И мене ми се гади од таквите луѓе. Треба да градиме заеднички патриотизам, модерен, нов, обединувачки, патриотизам на 21 век, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Кичево.

Мицкоски додаде дека од власта ги потценуваат гласачите, и мислат дека гласовите ги поседуваат на граѓаните.

-Затоа драги пријатели, браќа и сестри ве повикувам сите заедно да се обединиме околу човекот кој што пред мене говореше на оваа говорница и кој што рече дека нема да зборува ниту за градинки, ниту за реновирање на училишта, водоводи, канализации бидејќи тоа е основна и елементарна работа која на што сите нас ни следува во 21 век. Но, тој го има тоа во својата програма, рече Мицкоски за кандидатот за градоначалник на Кичево, Александар Јовановски.

Мицкоски посочи дека секој градоначалник кој што е поддржан од ВМРО-ДПМНЕ има реална програма и остварлива. Програмата на ВМРО-ДПМНЕ содржи вкупно 14.835 проекти се предвидени за Македонија, повеќе од 2.000 асфалтирање на нови улици, градба и реконструкција на 100 градинки, 150 училишта, инвестиции во животната средина и градба на нови 150 паркови. Предвидени се дури и инвестиции во 60 објекти во културата, 90-тина во спортски сали за млади, гасификација, дигитализација и уште многу други работи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.