Лам: Баерн (М) не игра тика-така

Капитенот на се уште актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), Филип Лам, откри дека во греша се сите тие кои мислат дека старо-новиот шампион на Германија сака да игра како каталонскиот гигант Барселона и да го форсира веќе проверениот стил на игра, популарната “тика-така”.

„Барселона беше заштитен знак во фудбалскиот свет од 2008 до 2012 година. Тогаш го играа најубавиот фудбал. Сепак, Баерн (М) нема таква амбиција, нема таква желба да игра како Барселона. И под водство на Пеп Гвардиола, Баерн (М) покажа и докажа дека има сопствен стил на игра, оригинален стил на игра, а не некоја копија. Бевме многу опасни на противничката половина, игравме брзи контра напади, а топката постојано беше во нашите нозе. Точно дека таков посед имаа и фудбалерите на Барселона, но тоа има едно значење, дека имаше целосна контрола врз играта и врз резултатот. Баерн (М) никогаш не играше “тика-така”. Ние си имаме наш, успешен начин на игра. И во иднина ќе го форсираме таквиот стил на игра и ќе се обидеме истиот да го подобриме, да го подигнеме на едно повисоко ниво”, изјави репрезентативецот на Германија.