Лам најави апсолутна офанзива во дуелот против Манчестер Јунајтед

Иако на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), му одговара и натпревар без погодоци, капитенот на баварскиот гигант Филип Ламп, пред реванш 1/4 финалниот дуел од Лигата на шампиони потврди дека германскиот бундеслигаш ќе игра офанзивно и ќе го нападне англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед.

„Со нетрпение го очекуваме стартот на овој натпревар. Имаме јасна цел, пласман во следната рунда и тоа по секоја цена. Ќе играме како што играме на секој натпревар. Најавувам доминација во средината, контрола врз топката, нема да му дозволиме на противникот да создаде ниту една посериозна шанса пред нашиот гол. Ќе ги затвориме сите приоди од страничните позиции. Мора да бидеме екстра внимателни при прекините. Манчестер имаше само една шанса на „Олд Трафорд”, а сега сакаме да нема ниту една шанса на “Алианц Арена”, изјави капитенот на Баерн (М).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.