Лампард: Англија може да биде светски шампион

Фудбалерите на Англија по двете одиграни кола во групата „Г“ обезбедија пласман во осминафиналето на Мундијалот, со максималните шест бодови со гол разлика 8: 2, што не го остави рамнодушен поранешниот репрезентативец, Френк Лампард.

Мислам дека можеме да одиме до крај. Не гледам причина зошто треба да бидеме негативни и да размислуваме во стилот “само за да стигнеме до четвртфиналето”. Тимот покажа со своите партии, и тоа не е само мое мислење само погледнете го талентот кој го имаат момците и како играат, дека не треба да бидат отпишани. Сигурно е дека играчите ќе одат од натпревар до натпревар, но ние од страна комотно можеме да кажеме дека имаат вистинска шанса,изјави Лампард.

Поранешниот играч на „Вест Хем“, „Челзи“ и „Манчестер Сити“, сега тренер на „Дерби каунти“ го фали селекторот Герет Саутгејт.

Честитки за Саутгејт кој внесе многу подвижност со системот 3-5-2 и сега имаме многу повеќе опции кога ја имаме топката отколку во онаа основна формација 4-4-2, која ја игравме многу години.

Лампард учествувше на три светски првенства, во 2006 година Англија во четвртфиналето испадна од Португалија на пенали, во 2010 година во осминафиналето од Германија, а во 2014 година во фазата по групи во која беа Костарика, Уругвај и Италија. „Гордиот Албион“ обезбеди пласман во осминафиналето, а во натпреварот со Белгија ќе одлучат од која позиција ќе продолжат во следната рунда на Мундијалот.