Лампард ќе почека на првата победа, Челзи ремизираше со Лестер

Поранешниот играч на лондонските „Сини“, Франк Лапмард ќе мора да почека за да ја впише првата првенствена победа откако седна на клупата на Челзи, откако во неделата по минатонеделникиот непријателн пораз од 0:4 кај Манчестер Јунајтед, на својот „Стемфорд Бриџ“ одигра само 1:1 со Лестер.

Челзи поведе уште во 7 минута со погодокот на 20-годишниот Мејсон Монт, кој го постигна својот прв гол во Премиер за Челзи откако во опасната зона ми ја одзема топката на Вилфред Н’диди пред шеснаесетникот на Лестер и лесно го совлада голманот Каспер Шмајхел. Н’дидие се оправда за грешката во 67 минута, кога по изведениот корнер највисоко скокна во противничкиот шеснаесетник. Лестер можеше да дојде и до водство, но во 73 минута Џејмс Медисон не реализираше стопроцента шанса.

Новакот во Премиер лигата, Шефилд Јунајтед во првиот натпревар во неделата пред своите навувачи го совлада Кристал Палас со 1:0, а стрелц беше Џон Лундстрам во 47 минута.

Второто коло во англискиот шампионат го затвораат во понеделник Вулверхемптон и Манчестер Јунајтед, кој со гостинска победа може да им се прилучи на Ливепрул и Арсенал, како екипи со максимален учинок од две победи.