Лампард го презема Челзи

39

Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец Франк Лампард е нов менаџер на премиерлигашот Челзи, со кој потпиша договор на три години, објави клубот на своите официјални страници во четвртокот.

Лампард, кој е и поранешн играч на Челзи, со кој во 13 години освои три титули англиски шампион и една во Лигата на шампионите , минатата сезона го водеше Дерби Каунти кого до доведе до финалето од пелј-офот во втората лига.

„Неизмерно сум горд што се враќам во Челзи како тренер. Сите ја знаат мојата љубов кон овој клуб и историјата што ја делевме, а мојот фокус сега е само на работата која ја добив и да се подготвам за сезоната којашто е пред нас“, изјави Лампард.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.