Лампард повеќе не е тренер на Челзи

Англискиот премиерлигаш Челзи го отпушти во понеделникот тренерот Франк Лампард по петте порази во осумите превенствени натпревари, објави лондонскиот клуб на своите официјални страници.

„Ова е беше многу тешка одлука за клубот, не амо бидејжќио имам одличен личен однос со Франк и многи го почитувам. Тој е извонредно чесен човек и има висока работна етика. Меѓутоа, во сегашните околности веруваме дека е најдобро да се промени тренерот“, се наведува во изјавата на сопственикот на Челзи, Русинот Роман Абрамович.

Челзи во моментов е на деветтото место на првенствената табела со 11 бодови помалку од водечкиот Манчестер Јунајтед.

Лампард, кој го доведе Челзи до финалето на ФА Купот во својата прва година на тренерската клупа во сезоната 2019/20 и до четвртото место во пренството, добро не ја започна оваа сезона, иако клубот потроши повеќе од 220 милиони фунти на засилувања.

Од клупата заминува помалку од 24 часа откако Челзи го победи Лутон Таун со 3:1 и се пласираше во петтото коло на ФА Купот.

Името на наследникот на Лампард сѐ уште не е познато, но островските медиуми нагаѓаат дека веројатно тоа ќе биде поранешниот тренер на Пари Сен Жермен, Германецот Томас Тухел.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.