Лани околу 1400 баратели на азил побарале заштита во Македонија

Во светот има околу 34 милиони бегалци раселени во околу 125 земји. Како резултат на кризата во Сирија 2,7 милиони луѓе се раселени во соседните земји од кои 51 отсто се деца.Во 2013 година околу 1400 баратели на азил побараа заштита во Македонија и дел од нив се уште се тука.

„Црвениот крст на град Скопје традиционално секоја година во соработка со Високиот Комесаријат за бегалци при ООН со канцеларија во Скопје, го одбележува Светскиот ден на бегалците, 20 јуни,“ велат од Црвен крст.

Оваа година денот ќе биде одбележан во Веро Центар, со почеток во 14 ч, каде ќе има дистрибуција на промотивен материјал, балони, и flash mob, а ќе бидат присутни претставници од УНХЦР, Црвениот крст на град Скопје, како и други институции кои работат со овие лица.