Лани повеќе од 5.000 мигранти побарале азил во Албанија

Во Егејско Море загинаа 11 мигранти, од кои седум се деца
Во Егејско Море загинаа 11 мигранти, од кои седум се деца

Во 2019 година повеќе од 5.000 бегалци и мигранти побарале азил во Албанија. Според албанската телевизија Топ центар, мигрантите, најверојатно, доаѓаат од бегалските кампови во Грција, ја минуваат Албанија за да влезат во Црна Гора и Хрватска, а потоа и во земјите на ЕУ. Минатата година во Албанија беа откриени над 10.000 мигранти, што е за 50% повеќе од 2018 година.

Покрај албанските полицајци, 66 полицајци од 12 земји членки на ЕУ, членки на Европската агенција за гранична безбедност, вршат контроли на албанско-грчката граница.

Полициската статистика во Албанија потврдува дека во 2018 година, рекорден број мигранти во земјата поднеле барање за азил – 4.095, најголем број се државјани на Сирија, во споредба со 307 во 2017 година.