Лани се породиле пет девојчиња на 14 годишна возраст

54

Пет девојчиња на четиринаесетгодишна возраст родиле дете минатата година.

Девојчињата се од општините Карпош, Гази Баба, Чаир, Шуто Оризари и од Свети Николе.

За тоа дали младите мајки се самохрани и кој денес се грижи за детето нема информации, а не се знае и дали мајките продолжиле да се школуваат.

Гинеколозите опоменуваат дека голем е ризикот кога дете раѓа дете!

Бројот на живородените деца од мајки помлади од 20 години во Скопје бил најмал во 2013 година, кога имало 247 случаи на бременост кај девојки под 20 години. Оваа бројка била највисока пред 10 години – во 2004 година, кога биле бремени 349 девојки, во 2008 година изнесува 292 случаи, а последниве три години – од 2011 до 2013 – имало од 272, 271 до 247 бремени помлади од 20 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.