Лани умреле од насилна смрт 677 лица, за 54,6 отсто повеќе од 2020, објави ДЗС

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Северна Македонија, минатата година бројот на умрени лица од насилна смрт е зголемен за 54.6 % во однос на претходната година и изнесува 677 умрени лица. Лицата умрени од насилна смрт учествуваат со 2.4 % во вкупниот морталитет. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, и во 2021 година, како и во претходните години, поголемо учество имаат машките лица, и тоа 61.9 %.
Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат „несреќните случаи“ со 83.3 %, „самоубиствата“ со 15.5 % и „убиствата“ со 1.2 %.
Во категоријата „несреќни случаи“, најголемо учество имаат умрените лица од „други надворешни причини за случајна повреда“ со учество од 65.1 % во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт.
Кај категоријата „самоубиства“ најголемо учество имаат случаите кај кои смртта настапила поради „бесење, странгулација и суфокација“ со учество од 8.3 % во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт. Во категоријата „убиства“, случаите кај кои смртта настапила поради „обид за нанесување телесна повреда со истрел
од друго и од неозначено огнено оружје“ и поради „обид за нанесување телесна повреда на неозначен начин“, учествуваат со по 0.4 % во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.