Лани во светот имало рекордни 59 милиони внатрешно раселени лица

Во светот на крајот на минатата година во светот имало рекордни 59 милиони внатрешно раселени лица. Најновиот извештај покажува дека новите бранови насилство, конфликтите и непогодите предизвикани од климатските промени биле причини што голем број луѓе биле принудени да ги напушат своите домови. Според извештајот на Центарот за следење на внатрешно раселување (ИДМЦ), проект на Норвешкиот совет за бегалци (НРЦ) во Женева, лани се регистрирани за 5,8 милиони раселени лица повеќе отколку во 2020 година.

„Ситуацијата денес е полоша отколку што покажува нашата рекордна бројка, бидејќи не вклучува речиси осум милиони луѓе кои избега од војната во Украина“, рече генералниот секретар на НРЦ, Јан Егеланд. „Потребни се драстични промени во начинот на кој размуслуваат светските лидери за тоа како да ги спречиме и решиме конфликтите и да ставиме крај на човечките страдања“, вели тој.

Голем дел од регистрираните раселени лица се од Авганистан, Јемен и Субсахарска Африка. Најголемо раселување има во северните делови на Етиопија каде се заглавени 5,1 милион луѓе поради продолжената граѓанска војна од 2020 година. Дури 80 отсто од раселените луѓе во светот се во Субсахарска Африка, каде што нападите на вооружени групи присилија многу луѓе да ги напуштат своите домови, истовремено попречувајќи го инфраструктурниот развој и стабилноста како решение на проблемите на раселените. Елементарните непогоди и неповолните климатски услови се причина за раселување на 5,9 милиони луѓе минатата година. Голем е и бројот на случаи, луѓе да бидат принудени неколку пати да го менуваат местото на живеење во текот на една година. За минатата 2021тоа било случај кај дури 23,7 милиони луѓе или 60 проценти до сите случаи на раселување. Особено изложени на опасност од можни принудни раселувања се Кина, Филипините и Индија во густо населените областите зафатени од урагани, поројни дождови и поплави.