Лани за декорацијата, годинава медиумите се „фатија“ за палтото на Меланија (ВИДЕО)

Откако минатата година „Вашингтон пост“ ги исмеваше божикните и новогодишните декорации на првата дама на САД, Меланија Трамп, оваа година одлучи да го критикува нејзиниот изглед. Имено, во прилично ироничен и критички текст, палтоот на Меланија беше посочено како „ужасно“.

Во текстот насловен „Божикните украси на Меланија Трамп се прекрасни, но тоа палто изгледа смешно“, се критикува облеката што ја носеше првата дама при откривањето на декорот во Белата куќа.

„За нејзината прошетка, г-ѓа Трамп носи бело: фустан со едноставно деколте за накит, бели чевли со потпетици и бел мантил. Палтото е обвиткано по нејзините рамена додека шета низ Белата куќа “, стои во текстот. „Палтото изгледа смешно“.

Секретарот за печат на Белата куќа Стефани Гришам, посочи дека веќе станало традиција медиумите да напаѓаат сѐ што го прави Првата дама.

Сепак, постот на „Вашингтон пост“ за облеката на Меланија беше проследен со бројни негативни коменатри за самиот текст, додека имаше значително малку „допаѓања“.