Лансирањето на SpaceX одложено поради лошото време

Лансирањето на првиот лет со екипаж на приватната вселенска компанија „SpaceX“ во средата беше одложено поради лошото време, а новото е предвидено за саботата утрото по македонско време.

„За жал, денеска нема да го лансираме леталото“, им кажал на двајцата астронаути на вселенскиот брод „Crew Dragon“ директорот на лансирањето во вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида. Лансирањето е одлоќено само 17 минути пред закажаното време за полетување.

Тоа истовремено значи дека двајцата астронаути Даглас Харли и Роберт Бенкен се враќаат во карантинот на космодромот, во кој се наоѓаа од 20-ти мај.

„Вложивме големи напори, но ја разбираме ситуацијата“, изјави Харли откако му беше соопштено за одложувањето на летот кој може да се случи на 30-ти или 31-ви мај, според последните информации.

Компанијата „SpaceX“, на милијардерот Илон Маск, требаше од Флорид да лансира во орбитата двајца Американци, што требаше да биде првиот лет на американската вселенска агенција NASA на свои астронаути од американска почва по девет години. Инаку, според плановите на агенцијата првите американски комерцијални летови во Вселената требаше да започнат во 2017 година.

Ракетата носач „Falcon-9“ требаше да полета во 22,33 часот по македонско време, а астронаутите Харли и Бенкен по 19-часовниот лет требапе во новата капсула „Crew Dragon“ да се спојат со Меѓународната вселенска станица (ISS).

Лансирањето беше предвидено од истата платформа од којашто во 2011 година во Вселената полета последниот шатл на NASA со кој управуваше токму Харли.

Успешната мисија би била остварување на главната цел на NASA, како што го формулираше нејзиниот шеф Џом Бридштајн: „повторно испраќање во космосот американски астронаути на американска ракета од американска почва“. Американските астронаууто последните десет години во орбитата доаѓаа со помош на руските ракети „Сојуз“.

За Маск тоа би претставувал голем успех во развојот на неговите повеќекратни ракети со кои сака да ги направи летовите во Вселената почести и поевтини. Тоа би било првпат Американци во Вселената да ги носат комерцијални вселенски летала, во сопственост на приватни компании кои управуваат со нив.

NASA последен пат астронаути во некои ново летало лансираше пред 40 години на почетокот од програмата „Space Shuttle“.

Маск, Јужноафриканец и хај-тек могул кој богатството го стејна во Силиконската долина, е извршен директор и на производителот на електрични автомобили и масивни батерии „Tesla“.

Педесет и тригодишниот Харли и 49-годишниот Бенкен се вработени во NASA под договор со „SpaceX“. На Меѓународната вселенска станица треба да останат само неколку седмици и да му помагаат на сегашниот екипаж кој се наоѓа во оваа вселенска лабораторија во орбитата на Земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.