Лансирана првата ракета која користи ногарки за слетување

Иновативниот Фалкон 9R (Fulcon 9R) развивана од Елон Маск (Еlon Musk) може да го смени правецот во текот на летањето и управувано и мирно да слета на платформата за полетување, пренесоа некои од светските медиуми.

Сте виделе ли некогаш ракета која оди наназад? Поранешниот претприемач на Пеј Пал и Тесла Мотори, извршниот директор Елон Маск го разбива митот дека ова е невозможно. Сите сме виделе лансирање на ракета во вселената, но, кога сте гледале ракетата да оди во рикверц и да си слета на својата почетна позиција на Земјата? Компанијата на Маск, Спејс Икс, неодамна твитна: „Напредниот модел на Falcon9 Reusable (F9R) самошто леташе 1000метри, лебдеше и слета во Тексас.“

После половина милион обиди, конечно ќе можеме да размислуваме да преиспитаме колку чини летањето во вселената.

Со ракетите кои повеќекратно ќе се користат, Маск е убеден дека може да се поефтини летањето во вселената за запрепастувачки стотина пати и навистина да стане рутинска работа.

falcon9-1

Ова повратно слетување значи дека цената на чинење на една ракета може да се намали од десетици милиони долари на неколку стотици илјади долари!

„Ако некој може да дојде до решение како ефективно да се користат ракетите, слично како авионите, цената на пристапот до вселената ќе биде намален за стотици пати.“, вели Маск. „ Комплетно повеќекратно возило никогаш порано не било направено. Ова е фундаметален промена потребна за да се револуционизира пристапот во вселената.“

Нормално, ракетите за во вселената се првиот и најскапиот дел – делот кој ги носи експлозивите потребни за полетување веќе нема да постои, тие вообичаено согоруваат во атмосферата, а слетуваат во море. Планот на Спејс Икс за F9R вклучува изградба на ногарки за слетување во кои ќе овозможат неинвазивно и мирно слетување  на  истата платформа која се користи за полетување.

satelit

Претходните обиди да се постигне меко слетувае на F9R беа направени во Атлантскиот океан.

Пред тестирањет0 на програмата за оваа ракета оваа копманија ја водеше програмата Grasshoper за производство на ракета која ќе може да се враќа на Змејата. Овој проект беше прекинат во октомври 2013 година и на неговот место се отвори проектот Falcon 9 R.

Оваа компанија произведува регуларна верзија на ракетата Фалкон кои може да се користат само еднаш. Минатиот месец беше лансирана една ваква ракета кон меѓународната вселенска станица (ISS).

Иако само експеримент, ова беше првата ракета која што е лансирана а која користи ногарки за слетување.

Стандардна верзија на ракетата Фалкон 9 чини околу 54 милиони долари.

„Возбудливо е. Ова отвара ново поглавје во истражувањето на вселената и комерцијалната аеровселенска индустрија“, рече Чарлс Болден Администратор во НАСА. „Се подготвуваме  за нашите длабоки мисии во вселената на астероид или евентуално на Марс.“

Патувањето во вселената ќе стане рутина. Маск има уште поголеми амбиции, Спејс Икс  беше стартувана со цел да помогне „човештвото да стане мулти планетарен вид“, вели тој.

Којзнае, можеби платформите за полетување ќе станат првите места од кои ќе ги поздравиме нашите интерпланетарни пионери.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.