Лапид: Израелската војска води операција против „непосредна закана“

Израелскиот премиер Јаир Лапиод изјави дека израелската операција спровела во петокот операција „против непосредна закана“, по нападите врз цели на палестинската радикална организација Исламски џихад во Појасот Газа.

„Израел спроведе прецизна антитерористичка акција против непосредна закана. Исламскиот џихад е продолжена рака на Иран кој сака да ја уништи Државата Израел и да убива невини Израелци… Ќе сториме сѐ што е потребно за да го одбраниме нашиот народ“, изјави премиерот Лапид за државната телевизија.

Израелската војска претходно во петокот потврди дека извела воздушни напади врз цели во палестинската енклава Газа во кои е убиен виш командант на Исламски џихад, Тајсир ал-Џабари. Во овој „превентивен напад“ загинале 15 борци на Исламски џихад, изјави по првата серија напади портпаролот на израелската војска Ричард Хешт.

Додал дека се очекуваат ракетни напади од Газа кон централните области на Израел. Израелските власти издадоа предупредување за можни ракетни палестински ракетирања врз израелските градови. Поради тоа во текот на денот повеќепати се огласуваа сирените во централните и јужните делови на земјата.

Израелската војска вечерта објави дека продолжува со нападите, особено врз цели на истокот од градот Газа.

„Повеќе од сто ракети“ истрелале Бригадите на Ал Кудс кон израелската територија, што ова милитнатно крило на Исламски џихад го нарече „првичен одговор“ на израелските напади во кои се убиени уште 12 цивили, меѓу кои и петгодишно дете, а ранети се над 80 лица.

Египет ќе посредува меѓу Израелците и палестинските движење Исламски џихад, кој Израел, САД и ЕУ ја сметаат за терористичка организација, како и со Хамас кој од 2007 година управува со Газа, објави во петокот вечерта египетската државна телевизија, повикувајќи се на официјални извори.