Лашкоска Не верувам во политиките на СДСМ, бидејќи сѐ што досега започнаа се покажа дека е лага

Кога станува збор за прилепскиот наменски комбинат „Еурокомпозит“, пратениците од владејачкиот СДСМ изнесуваат лаги, тврдеше во средата пратеничката  Ане Лашкоска од редовите на опозицијската ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За подобра Македонија“ на денешната седница на Собрание на Република Македонија/

Во февруари на премиерот му поставив прашање, и тој ми рече дека до крајот на месецот ќе има нов инвеститор во „Еурокомпозит“. Помина февруари, во март повторно го поставив истото прашање. „Не пратеничке, до крајот на април ќе има“ – одговори премиерот. Април помина нема странски инвеститор,истакна Лашкоска.

Додаде дека проблемот со „Еурокомпозит“ е далеку од решавање.

Вицепремиерот Анѓушев ветуваше дека до 30-ти септември ќе биде готов пакетот технолошки вишок за „Еурокомпозит“. Оваа изјава е дадена 24-ти септември 2018 година, нагласи Лашкоска.

Потенцираше дека тој ветен пакет од страна на Анѓушев се уште го нема, а луѓето ги немаат земено платите кои потпишаа дека си заминуваат со технолошки вишок. Има голем број неодговорени и тешки прашања.

Не верувам во вашите политики, бидејќи се досега што сте започнале се покажало дека е лага, заклучи Лашкоска.