Лашкоска: Ваква несигурност во стопанството немало до сега во Македонија

Пратеничката Ане Лашкоска од собраниската говорница посочи дека ниту еден пратеник од СДСМ не се јавил за збор, а истовремено тие биле оние кои што кажувале дека прогресивниот данок ќе придонесе за доброто на граѓаните во Македонија.

-Па прогресивниот данок од страна на оваа Влада беше навистина преставуван како едно откритие односно преродба во Република Македонија. Дали сте свесни како Влада што предизвикавте со ова предлог законско решение, за овие измени во бизнис секторот, запраша Лашкоска.

Додаде дека цела влада знае што бизнисмените мислат и кажуваат за овој катастрофален потег.

Ваква несигурност во стопанството немало до сега. ВМРО-ДПМНЕ уште од почетокот укажуваше на ова, меѓутоа власта како по обичај не прифаќа ништо, истакна Лашкоска.