Ласовска: Договорот од Преспа е мртов и не може да се толкуваат законите како некому му одговара

Договорот од Преспа е мртов, не може ние да си ги толкуваме резултатите од референдумот како на нас што ни одговара. Има закон и Устав во оваа змеја коишто ние мора да го почитуваме, рече Благица Ласовска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ на денешната комисиска расправа за уставните измени.

Спроед неа, најстрашно е да се носат противуставни одлуки и одлуки кои се против волјата на граѓаните на Република Македонија.

Ласовска додаде дека на референдумот на 8-ми септември од 1991 година за името Република Македонија се изјасниле 76 проценти или милион и 132 илјади граѓани од вкупниот број на граѓани со право на глас, додавајќи дека од овој референдум и покрај тоа што на сила се обидувале да го протуркаат излегле само 36проценти или 605 илјади граѓани.

Реплицираше дека проблемот не во Избирачкиот список, како што велат од СДСМ, додавајќи дека СДСМ двапати ги одложувале изборите со образложение дека претходно избирачкиот список не е прочистен и дека во него има 500 илјади фантоми.

“Избирачкиот список вие го чистевте, ние ве чекавме. Два пати ги одложувавте изборите, сите знаеме зошто. Изборите ги одложувавте затоа што велевте дека има 500 илјади фантоми. Зошто сега повторно тој избирачки список за вас е проблематичен’, праша Ласовска.

На крај таа во својата реплика додаде дека резултатите од референдумот од 8-ми септември 1991 година се на сила и дека никој нема право да оди против волјата на граѓаните на Република Македонија.