14.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Ласовска: Мерките за негрупирање важат за сите, освен за СДС

Фејсбук статус на Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ

Денес СДС ја започна кампањата. Со делење на маски и партиски слогани дека можат и слично.

Како кандидатка за пратеник поставувам јавно неколку прашања. Дали вонредната состојба и почитување на мерките за негрупирање, важат за сите, освен за СДС,

Зошто техничкиот премиер дели летоци на кои пишува да се држи дистанца, а истиот не ја почитува;

Дали сме сите исти пред законите, или вие сте ослободени од таа обврска? Дали институциите во државата и оние кои треба да ги мониторираат изборите OBSE, и останатите, го гледаат ова и како и дали ќе реагираат.

Ние и граѓаните знаеме дека сме во вонредна состојба и карантински часови, кои ги почитуваме. Вие пак, делите дозволи за движење во полициски час, цитирам..”согласно Статутот на СДС”???

Каде одиш Македонијо!

Фејсбук статус на Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.