Ласовска повика на масовно женско обединување

Дозволете ми на почетокот да упатам посебен поздрав упатувам до моите лавици, членките на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ, горди и храбри жени добар ден и добре дојдовте. Не сакав да пишувам говор, сакам да ви се обратам со едно женско писмо.  Оваа писмо го испраќам до секоја жена во Република Македонија, до мојата сограѓанка Македонка,Албанка, Турчинка, Македонка со Исламска вероисповед, Србинка, Бошњачка, Ромка, Влаинка и останатите. До нашите жени, ова денеска на 18-тата годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го истакна претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска.

Женските писма секогаш се препознатливи по заедничките емоции за нас жените. Зошто во женското писмо секогаш има многу пркост, тага, радост, солзи. Зошто ние на ист начин сонуваме, на ист начин раѓаме, на ист начин страдаме, на ист начин се радуваме. Дури и во молитвите сме еднакви. Се молиме за нашите деца и блиски, за се што ние длабоко во душата. Дискурсот на моето женско писмо ве поканува на обединување, обеднување кон нашите заеднички цели во ова време, не-време. Ние ќе мораме да бидеме идната трезвеност на нацијата, за добробит на Република Македонија. Ние ќе мора да се обединиме се со една цел- да ги обединиме  спротиставените политички светогледи во Република Македонија. Очигледно дека помирувњето не е ни започнато, а не завршено. Да се обединиме за Македонија. Лесно е да кажете, дека ние жените имаме силни организации во кои се градат стратегии, цели, политики каде се донесуват одлуки, внесувајки поголема демократичност за жените. Ние можеме со над 50.000 членки и со 75 општински комитети на УЖ на ВМРО – ДПМНЕ да кажеме дек сите овие години градевме нови политики и платформи, промовиравме, воздигнувавме нови стратегии за женската политика и за родовата еднаквост, бевме водечки кон таа цел во Република Македонија, потенцира Ласовска.

Додава дека Да, точно е имаат над три илјади  месни комитети на територијата на Република Македонија и над 12 комисии на централно ниво.

-ВМРО-ДПМНЕ секогаш била со универзални погледи и пораки кон јавните политики и сме биле повеке гласје за многу големи одлуки за дражавата. Никогаш не сме дозволиле како жени да бидеме како оние другите или другиот, или не сме дозволиле да ја имаме улогата на премолчениот субјект, напротив секогаш сме имале силно отворени очи. Сме го гледале и гледливото и негледивото, она пред нас и она што било зад нас. Зар постои жена во Република Македонија која нема силни очи? ова го говорам во вид на метафора во потрага на еден нов светоглед, што ќе донесе еден поубав, помирен и поспокоен свет. Во Македонија се-потешко се живее, се-потешско се-гради, се-потешко се-комуницира, се-потешко се твори. Едни со друг си ги свртевме грбовите, караницата, говорот на омраза, навредување еден кон друг стана императив во однесувањето. Живееме во тотално поделено општество, непомирено општество, едните мислат дека се качиле на врвот на планината и гледат како да ги уништат другите, притоа заборавајки дека тој другиот е нечии  негов далечен роднина или пријател. Предалеку отидовме. Имам чувство дека сите заедно се наоѓаме на крајот од провалијата и секој ден постои опасност да се втурнеме во долот.  Ги повикувам жените во Република Македонија на едно масовно женско обединување, на една нова граматика, да донесеме една нова заедничка азбука, азбука која сите ке ја препознаваме и читаме, додава Ласовска.

Рече дека тие треба да бидат како она што ќе каже Тони Морисон и неговата теорија за осамостујвање на жената, преку нејзиното око, преку нејзиното гледање за една нова поинаква светлина, преку нашиот женски восклик или како што говори Симон де Бовоар: Еднаш да станеме вистински жени!

-А што мислите дека ние жените не можеме да кренеме женско востание,женска револуција? Зарем во Македонија нема такви жени помеѓу сите етноси? Но не почитувани, нашата револуција е љубовта и разбирањето, стремежот кон подобро утре за нашите деца. Ние влеговме повеќе во политичкиот жаргон, а заборавивме дека животот е некаде другаде или како што ке написе Вирџинира Вулфќ сакав да пишувм за смртта но од некаде се појави животот. Македонија има се, но нема живот и нема подобро утро. И никој нема право да го вперува прстот во ВМРО-ДПМНЕ и да не нарекува Антизапдни, Анти-европски и Анти-НАТО кога уште во 1993 како Унија на жени бевме првенци во тие идеи. Секогаш сме биле прогресивни за Република Македонија, истакнува Ласовска.