Ластово на листата најубави острови во Европа

Британскиот весник „The Guardian“ го стави хрватскиот остров Ластово на својата листа на најубави острови, меѓу 10-те во Европа, кои се наоѓаат надвор од постечките туристички патеки.

„Иако четири и пол часа возење со ферибот од Сплит до Ластовоможе да изгледа како авантура најужниот населен остров во Хрватска е толку различен од Сплит што ќе ви биде мило што сте се потрудиле“, пишува The Guardian.

„Поминете време во боровите шуми восхитувајќи се на куќите во венецијански стил, потоа истражувајќи ги црквите или пливајќи во кристално чистото море на заливот Скривена Лука. Има само еден хотел на островот, но има неколку одлични ресторани кои нудат локални храна и морски специјалитети“, го пофали The Guardian хрватскиот остров, кој во 2006 година беше прогласен за парк на природата.

Покрај Ластово, на оваа листа се и островите Поркелол (Франција), Табарка (Шпанија), Бозада (Турција), Ла Грациоза (Канарски Острови), Сирос (Грција), Кабрера (Шпанија), Тинос (Грција), Иле де Бац (Франција) и Филикуди (Сицилија).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.