Латас: Никола Тодоров е уценет и затоа е натеран да прави партија

Новинарот Драган Павловиќ Латас во неговото гостување во „Што не е јасно“ на Алфа телевизија, посочи дека Никола Тодоров е уценет преку СЈО и со тоа е приморан да направи партија со која ќе се обиде да му земе гласови на ВМРО-ДПМНЕ.
Латас изјави дека во случаите на СЈО Никола Тодоров е опфатен со две обвиненија кои не се реализирани.
„Прво со Дијамед, давање на концесија за фирмата со приватно партнерство ќе прави дијализи, втората е ситуацијата каде е што е раскинат договор со лондонска фирма за дигитални рендген апарати. Во двата случаи Никола Тодоров не е спомнат, го нема во јавност дека е процесуирано во суд, но затоа Никола Тодоров секојдневно зборува против ВМРО-ДПМНЕ, кај што се може“, потенцираше Латас.
Тој истакна дека за таа цел, како што се гледа во јавноста, Тодоров има некаква невладина организација еврофедералисти и со тоа друштво тој треба на ВМРО-ДПМНЕ да му земе гласови на избори.