Латас вели дека Ковачевски е донесен да ги испегла криминалите на Заев и милионските заработки од корупција

СДСМ со Димитар Ковачевски го прави што последните 6-7 години се обидуваат да го направат, да вадат луѓе од нафталин кои не значат ништо во јавниот простор, во политиката. А кога вадиш некој од нафталин без претходни заслуги тој ти должи тебе лично и тука е големо прашање што е тоа што му го должи Ковачевски на Заев, изјави новинарот Драган Павловиќ Латас за „Што не е јасно“ на Алфа.

Латас истакна дека факт е дека Ковачевски не бил активен во СДСМ, политички не бил активен ни на социјални мрежи, не го памти никој на собир протест, што и да е од СДСМ последниве десетина години и речиси никој не го познава ни по име.

– Заев избра човек по свој вкус, кој нему му должи. Што би можел да му должи? Пред се да ги испегла криминалите и корупцијата, да не се обидува да стане вистински претседател на партија и премиер кој ќе сака да владее како вистински премиер и да гради своја кариера. Негова должност е да ги среди сметките, што може да застари, да застари, што може да прејде на некој друг да се префрли и така Заев мирно да помине со излез со својата заработка која се проценува помеѓу 200 и 300 милиони евра за време на неговиот мандат заработени од корупција, истакна Латас.

Латас посочи дека се низ јавноста се споменуваат гррадежни објекти низ Швајцарија, но и сметки во Аргентина.

– Некои велат дека градат и градежни објекти низ Швајцарија кои се и за себе и за комерцијална употреба. Други велат дека добар дел од парите се изнесени во Аргентина бидејќи тоа е земја од каде нема да бидете екстрадирани, тоа влече корени уште од нацистите кои знаеме дека се пребегани во Аргентина со многу пари и создадена е законска основа дека само теоретски може да се екстрадира некој, рече Латас.

Латас нагласи дека Ковачевски кога беше избран за прв човек на СДСМ му се поклони на Заев и тоа е понижувачки чин за било која јавна личност, особено за нареден премиер и со тоа покажува кому му должи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.