Латиноамериканскиот парламент е против секое надворешно мешање во Венецуела

Против секаков обид за странска интервенција во Венецуела повика во понеделникот Латиноамериканскиот парламент (ПАРЛАТИНО), чие седиште е во Панама, а истовремено неговите членови апелираа на започнување дијало меѓу власта и опозицијата во оваа јужноамериканска земја, според соопштението кое денеска го објави агенцијата EFE.

ПАРЛАТИНО „го отфрла секој обид за странско мешање, директно или посредно, во внатрешните работи на Боливарската Република Венецуела“, се вли восоопштението. Истовремено ова тело се противи „сите акции на насилство, кои претставуваат закана по животите… и човековите права за граѓаните во споменатата земја“.

Во писмената изјава се наведува дека државите во регионот треба да ги насочат своите напор на соработка со Венецуела со цел „да се надмине економската, социјалната и политичка криза“, низ која минува. ПАРЛАТИНО, во чиј состав влегуваат претставници на парламентите на 23 земји, укажува на потребата од скорешно починување „конструктивен дијалог во името на венецуелскиот народ“ во самата Венецуела.

Претходно венецуелскиот претседател Николас Мадуро ја објави својата подготвеност да преговара со своите политички противници. Лидерот на венецуелската опозиција Хуан Гуаидо од своја страна порача дека владата на Мадури сака „да добие во време“ говорејќи за преговори со неговите опоненти и дека нема да оди на „лажиран дијалог“ со извршната власт.