Латвија го обнови увозот на гас од Русија

Латвија од 5-ти август го обновила увозот на рускиот гас, откако кон крајот на јули руската државна корпорација „Газпром“ ги прекина испораките поради кршење на условите за повлекување на количествата гас, покажуваат податоците од понеделникот на платформата Entsog.

Тогаш  во соопштението „Газпром“ само наведе дека е прекинато снабдувањето со гас на Латвија „како дел од јулски нарачки во врска со прекршување на условите за повлекување на гасот“, без дополнителни поединости. Потегот на руската државна компанија дојде ден откако латвиската енергетска компанија „Latvijas Gaze“ објави дека го купува гасот до Русија и оти плаќа во евра, а не во рубљи како што се бара во тргувањето со „Газпром“. Меѓутоа следниот ден портпаролот на „Latvijas Gaze“ за Reuters изјави дека компанијата купува гас од Русија, но не од „Газпром“. Не сакал да го именува својот добавувач повикувајќи сена на „деловна доверливост“.

Според денешните податоци, гасот пристигнува до латвиските потрошувачи преку главниот гасовод Валдаји – Псков – Рига, кој оди од Русија кон Литванија преку мерната гасна стана „Лухамаа“ во Естонија.

Според информациите на веб-страницата Entsog, преку споменатата станица сега се испорачуваат околу четири милиони кубни метри гас дневно. Таква потврда дава и дијаграмот за проток на гасот на латвискиот оператори „Conexus Baltic Grid“.

Од почетокот на април Русија ги прекина испораките на гасот за земјите кои ѝ воведоа санкции поради војната во Украина а кои одбија да плаќаат според новиот систем во рубљи. Потоа испораките преку станицата „Лухамаа“ беа запрени во април но периодично се одвиваа во мај, јуни и последен пат на крајот од јули, покажуваат податоците од платформата.

Латвискиот парламент на 14-ти јули го усвои измените на законите за енергетика со кои се забранува увозот на горива од Русија од 1-ви јануари 2023 година. Властите објавија дека се откажуваат целосно од рускиот гас, но сепак на крајот од јули се дозна дека операторот „Latvijas gāze“ продолжил да купува руски гас но не од „Газпром“, туку од други снабдувач кому му плаќал во евра.

Според извештаите на „Газпром“, во 2020 година извозот на гас во Латвија изнесувал 1,6 милијарди а претходната 1,7 милијарди кубни метри гас.