Лавина нови емотикони на Фејсбук

Ако спаѓате во онаа група на луѓе што трошат многу време додека да го најдат соодветниот емотикон, Фејсбук има лоши вести за вас – на Месинџер се појавија уште 1.500 нови изрази за расположение.

Фејсбук соопшти дека се надева дека со овој потег ќе ја направи мрежата уште поразновидна.

Сакаме нашите корисници да имаат на располагање уште поразновидна комбинација, благодарение на која што ќе може подобро да се претстават себе си. Сега за прв пат можете да видите пливачи, атлетичари, полицајци, пешаци… Идеата беше подеднакво да ги вклучиме и двата пола и подеднакво да бидат вклучени сите бои на кожата, пишува во постот на компанијата.