Лавина од снег на патот Маврово-Дебар

Поради лавина од снег сообраќајот на патот Маврово-Дебар се одвива наизменично по една коловозна лента.

Од АМСМ информираат дека лавината се наоѓа кај местото именувано како „Врбјанска раскрсница“ и дека се појавила околу 13:20 часот.