Лавина во Австрија усмрти едно лице, четворица спасени

Едно лице загина а четири се спасени во саботата во австриски Тирол откако врз подрачјето во близина на езерото Плансе во раните попладневни часови се урна лавина, соопшто полицијата.

Лавината затрупала повеќе лица во покраината Тирол, во близина на границата со Германија, а од четирите преживеани лица едно е повредено, се додава во полициското соопштение.

Голем нанос од снег се ослободил околу три часот попладнето, урнувајќу се врз областа недалеку од хотел на северната страна на езерото Плансе, но за среќа хотелот не бил зафатен од лавината. Бидејќи снегот ги затрупал патиштата, во акцијата за спасување биле користени само хеликоптери.

Според портпаролот на тиролската полиција, Штефан Едер, во саботата областа на австриско-германската граница ја погодиле три лавини.