Лавров: Целта на Вашингтон е насочена против блискоста на Москва и Киев

Политичката цел на Соединетите држави е насочена против секакво пријателство меѓу Русија и Украина, од распаѓањето на СССР водат политика на слабеење на пријателските врски меѓу Русија и поранешните советски републики, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Гледаме дека политичката цел којашто си ја поставиле САД е насочена против развојот на пријателствата. Таа никаде не исчезна. Американците никогаш не беа искрени. Дури и кога, по распадот на Советскиот сојуз, се чинеше дека односите меѓу САД и нашата земја почнаа да добиваат нови квалитети. До тогаш започнаа да водат политика, ако не да не ги дозволат, туку колку што е можно повеќе да ги ослабат пријателските врски меѓу Русија и другите поранешни советски републики“, истакна Лавров.

Според шефот на руската дипломатија, Украина е претворена во непријател на Русија наместо да се поттикнува пријателството коешто е центарот на односите меѓу украинскиот и рускиот народ уште од XVII век.

„Сега сите размислуваме за тоа што се случува околу Украина. Пред неколку децении американските политиколози и политичари, а особено поранешниот советник за национална безбедноста на претседателот на САД (во периодот од 1977 до 1981 година) Збигњев Бжежински директно ја прогласија задачата да се спречи пријателството на Русија и Украина во секакви околности. Тој буквално го говореше следното: ‘Русија и Украина се голема сила, Русија без Украина не е многу забележителен регионален играч’. Цинично, дрско и отворено“, вели Лавров.

Шефот на руската дипломатија истакна дека односите на САД со Европската унија, исто така, не се пријателски, туку претставуваат односни на „хегемон и вазал“. Заштитниот знак на американската политика е политика која не е насочена на пријателството, туку на потчинување и потиснување, оценува Лавров.

„Соединетите држави ја туркаат Европската унија на целосна поддршка на Украина. Целиот тој товар на оваа поддршка (економската и финансиската) падна на плеќите на Европската унија. Тешко е да се зборува за некакво пријателство. Тоа е однос на хегемон и вазал. Америка е во ситуација во којашто материјално и финансиски повеќе од другите, можеби само таа, има полза од она што го планирала и го спроведува како покренување на војната против Русија преку украинскиот режим“, заклучува Лавров.

 

За исклучивоста на САД

Лавров додава дека ниту САД, ниту нивните западни сојузници немаат никакво почитување кон начелото на рамноправноста, бидејќи себеси се сметаат над сите.

„Штом на меѓународната сцена започне разговор за демократијата, западните претставници веднаш бегаат. Во Повелбата на Обединетите нации се наведува дека светската организацијата е заснована на принципот на суверена еднаквост на државите. Ниту САД, ниту нивните сојузници немаат никакво почитување за тоа. Тие себеси се сметаат за над сите“ истакнува шефот на руската дипломатија.

„Секогаш кога нивниот претседател зборува пред публика, задолжителни се слуша мислата дека Америка е една и неповторлива, дека е исклучителна сила и дека само таа може да го одржува светот во добата состојба, како и дека доколку ја нема Америка би настанал хаос во светот. Филозофија на диктатор и монополист. Воопшто не е филозофија на држава којашто се потпира на соработка, демократија, барање баланс на интересите, формирање стабилен светски систем кој ќе почива на неколку основи“, додаде Лавров.

Потсети и на размислувањата на советникот на американскиот претседател за национална безбедност Џејк Саливан кој уште во 2019 година, додека беше на друга функција, во еден напис наведе дека американската исклучителност не смее да дозволи истакнување на историскиот и етничкиот идентитет на другите народи, туку ширум светот да промовира заедничко сфаќање на демократијата за сите народи.

„Тоа е многу сериозно отворено признание какви добра Америка сака да им донесе на сите други. А таа сака сѐ да доведе во состојба којашто ќе им биде разбирлива на самите Американци и којашто ќе ги формира другите народи според сопствениот лик, потиснувајќи го, како што е директно речено, нивниот историски и етнички идентитет“, појаснува Лавров.

Оттаму, оценува првиот руски дипломат, неопходно е да се обезбеди согласност со демократски методи, но не нужно и со методите на таа демократија којашто Западот ја смета за единствено вистинска.