Лавров демантира дека Трамп му дал класифицирана информација

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска демантираше дека американскиот претседател Доналд Трамп му дал класифицирани државни информации, пренесе ДПА.

Во извештаите на медиумите во изминатите два дена се наведува дека САД во 2017 година од Русија извлекле шпион од највисок ранг заради загриженоста дека можел да биде загрозен по средбата во Белата куќа меѓу Лавров и Трамп.

-За време на оваа средба никој не дал никому ни државни, па дури ни недржавни тајни, им рече Лавров на новинарите во Москва. Тој изјави дека никогаш не го запознал наводниот американски шпион.

Кремљ денеска потврди дека осомничениот информатор  работел во кабинетот на рускиот претседател Владимир Путин, пренесе ДПА.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.