Лавров го советува Западот да се откаже од империјалните амбиции

Западните земји треба да ги напуштат навиките што ги имаа во претходните векови кога беа способни да ја наметнат својата волја на други земји, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Најдобар начин да се стави крај на оваа ненормална состојба е да се напуштат империјалните амбиции и навики од минатите векови, како што е наметнување на својата волја на другите и да им судат на сите други, рече Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи зборуваше пред студентите од Дипломатската академија во Киргистан за тоа како да се најде најдобриот начин за решавање на проблемот со санкциите наметнати од Западот за Русија.