Лавров: Гранатирањето на руската амбасада во Дамаск е терорисички акт

Гранатирањето на руската амбасада во Дамаск официјална Москва го смета за терористички акт, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

-Ова е очигледен вид тероризам, веројатно со цел да ги исплаши приврзаниците на борбата против тероризмот, рече Лавров во пресрет на разговорот со специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура, пренесоа руските медуими.

Во текот на демонстрациите организирани во знак на подршката на Москва, врз руската амбасада во Дамаск беа истрелани две гранати, но немаше жртви, ниту оштетувања на зградата на амбасадата.