Лавров и Блинкен разговараа за распорeдувањето американски ротациони сили на руските граници

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во четвртокот за новинарите изјави дека на состанокот со американскиот државен секретар Ентони Блинкен ден претходно разговарал за намерите на САД да распореди постојани ротациони контингенти во Полска и за прашањета коишто може да ги предизвика таквиот потег.

„Ние повеќепати ги коментиравме проблемите поврзани со зголеменото воено присуство на нашите граници. Јас разговарав за ова и ќе продолжам да разговарам за тоа со норвешкиот министер за надворешни работи денеска, кога нашите норвешки соседи, кај кои никогаш го немаше вметнато во законите принципот на трајно присуство на странски војски, сега тргна во изменување и дополнување на нивносто законодавство и, всушност, сѐ се движи кон она што Тони Блинкен го нарекуваше ‘постојано ротационо присуство’. Ние таквото постоано ротациско присуство го забележуваме и во другите делови во Европа“, изјави Лавров за новинарите.

Шефот на руската дипломатија потсетил и дека покрај проблемите поврзани со ескалацијата на воените и политичките тензии поради распоредувањето на странските трупи во Норвешка и во балтичките земји, сѐ уште има отворени прашања во врска со обврските „кои беа донесени во рамките на Советот Русија-НАТО од 1997 година за тоа дека на териториите на новите членки на НАТО нема да имаат постојано распоредени контигенти и оружје на НАТО“.

„Сага, користејќи ја оваа игра на зборови, тие ни соопштуваат дека може да има трајно ротациско присуство и, особено, за плановите отворено да се дискутира. Вчера го прашав Блинкен за тоа, – во Вашингтон се разгледуваат планови за дополнителни значителни сили во Полска, што би престставувало директно кршење на Основниот акт меѓу Русија и НАТО. Се надевам дека сите земји на НАТО разбираат дека ова не е билатерално прашање, туку дека тоа директно влијае врз мултилатералните обврски на блокот кон Русија“, додал Лавров.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.