Лавров и Кери без договор

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров по средбата со државниот секретар на САД, Џон Кери изјавил дека договор за решавање на украинската криза се уште не е постигнат.

Лавров со Кери се сретна на маргините на конференцијата за Либиија во Рим, за да разговараат за кризата во Украина, а тоа е веќе втор состанок во исто толку денови меѓу двајцата дипломати.

Рускиот министер по состанокот истакнал дека евентуално решение на украинската криза ќе треба да биде поддржано од сите региони на таа земја, вклучувајќи го и Крим, пренесуваат руските агенции.

Лавров додал дека Кери го уверил дека американската администрација до сега не составила никаква „црна листа“ на руски официјални лица.

Двајцата дипломати вчера се сретнаа во Париз за да разговаараат за кризата на украинскиот полуостров Крим, пренесува Ројтерс.

Кери претходно се сретна со шефовите на дипломатии на Британија, Германија, Италија и Франција со кои истотака разговарал за Украина и ги известил за планот на Вашингтон за воведување на визни санкции против функционери на Русија и Крим.