Лавров и Кери разговараа за климатските промени

AFP PHOTO / POOL / Kevin Lamarque

Старите познаници, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот поранешен американски колега сегашен пратеник на претседателот на САД за климата, Џон Кери, разговарале во саботата за климатските промени и договориле натамошна соработка во рамките на Арктичкиот совет, соопшти руското министерство за надворшни работи.

Телефонскиот разговор е одржан во времето на зајакнатите тензи меѓу Русија и Западот. Лавров претходно во петокот порача дека Русија ќе биде подготвена да ги прекине односите со Европската унија, доколку таа ѝ наметне нови санкции.

Според соопштението на руската дипломатија, Лавров му истанал на Кери дека Москва ја поздравува намерата на новата американска дипломатија за враќање во Парискиот климатски договор, глобалниот договор кој обврзува речиси 200 земји да го запрат растот на температирите за да се избегнат катастрофалните климатски промени.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги повлече САД од овој договор нарекувајќи го „катастрофа“ за неговата земја.