Лавров и Помпео договориле чекори за нормализација на односите, предаден меморандум за мешањето на САД во Русија

Москва е заинтересирана за нормализирање на односите со Вашингтон врз основа на меѓусебно почитување, изјави во вторникот рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на заедничката прес-конференција по повеќе од тричасовните преговори со американскиот државен секретар Мајк Помпео во Сочи, и притоа истакна дека на гостинот му предал неофицијален меморандум со докази за мешањето на САД во внатрешните работи на Русија.

„Русија е заинтересирана за нормализација на нашиот дијалог. Убедени сме дека тоа е сосема можно и изводливо, доколку се работи врз основа на заемна почит и на зачувување на заедничките интереси“, изјави Лавров.

Русија и САД сметаат дека е важно да се реактивира во последниот прериод замрзнатиот канал за донасочна комуникација, додаде шефот на руската дипломатија.

„Се согласивме околу важноста да се воспостави каналот за комуникација. Во последно време овие канали беа замрзнати, што во голем дел се должи и на бранот неосновани обвинувања против нас за наводни обиди да влијаеме врз исходот американските избори, па дури и за постоење заговор со нас на високопозиционирани функционери на сегашната администрација на САД“, истакна Лавров.

 

Обвинувањата за мешање на изборите во САД и рускиот меморандум

Објавувањето на извештајот на американскиот специјален обвинител Роберт Мјулер ќе помогне да се смират страстите и со тоа ќе помогне во воспоставувањето конструктивен дијалог меѓу Москва и Вашингтон, изрази надеж Лавров.

„Се надевам дека по неодамна објавениот извештај на специјалниот обвинител на САД, Роберт Мјулер, страстите преку океанот ќе стивнат и ќе стане можно, конечно, да се продолжи со воспоставувањето поконструктивна соработка и попрофесионелен дијалог меѓу Русија и САД“, додаде шефот на руската дипломатија.

Од своја страна Помпео изрази надеж дела „мешањето“ во изборните процес во САД од страна на Русија нема да се повторат.

„Реков дека Русија може да преземе чекори со коишто ќе покаже дека ваквата активност е прашање на минатото. Се надеваме дека Русија ќе ги искористи тие можности“, рече американскиот државен секретар.

Лавров истакна дека не постојат конкретни докази за мешањето на Русија во процесот на американските избори во 2016 година.

„Фактите зборуваат дека не постојат докази за мешање во изборите во Соединетите држави… Темата за мешање може да се дискутира бесконечно, но сѐ додека немаме кокретни факти на масата, нема да можеме да дискутираме за тоа како возрасни“, нагласи Лавров.

Притоа Лавров информираше дека на американскиот колега му дал копија од студијата од 1987 година со предупредување за можното мешање на тогашниот СССР во изборите во САД во 1988 година. „Во статијата, меѓу друго, првпат биле споменати политичките амбиции на веќе тогаш успешниот претприемач Доналд Трамп“, истакна Лавров.

Лавров, исто така, информираше дека на Помпео му предал неофицијален меморандум со „докази за мешањето на САД во внатрешните работи на Русија“. Шефот на руската дипломатија исткана притоа дека САД сѐ уште не се подготвени повторно да го потврдат договорот меѓу Москва и Вашингтон за немешање во внатрешните работи на двете земји.

„Ние, патем, уште еднаш го истакнавме примерот кога во 1933 година по иницијатива на САД претседаетлот (Френклин) Рузвелт и народниот комесар за надворешни работи (Максим) Литвинов размениле ноти во кои се обврзуваат на немешање во внатрешните политички процеси на другата страна“, рече Лавров на заедничката прес-конференција.

„Ќе истакнам уште еднаш дека САД биле иницијатори на таа размена на ноти. Ние веќе неколку години, уште од почетокот на админстрацијата на (претходниот американски претседател Барак) Обама, на нашите американски партнери им нудиме повторно да се потврди таков договор, но тие сѐ уште не се подготвени“, посочи Лавров.

Од своја страна Помпео изрази надеж дека „мешањето“ во изборните процеси во САД од страна на Русија „повеќе нема да се повтори“.

„Укажав дека Русија може да преземе чекори за да покаже дека ваквите активности се прашање на минатото. Се надевам дека Русија ќе ја искористи оваа можност“, рече американскиот државен секретар на заедничката прес-конференција по разговорите.

Во април, по речиси две години, американскиот специјален обвинител Роберт Мјулер го обијави извештајот за ткн „руско мешање“ на американските избори во 2016 година, како и за „заговор“ меѓу кампањата на Трамп и Москва, како и за тоа дали американскиот претседател ја попречувал истрагата. Извештајот беше објавен со значителна цензура на одредени доверливи делови. Според него постоел „руски обид“ но не и влијание врз американскиот изборен систем, а притоа не е констатирано дека некој од кампањата на Трамп преговарал со Русија, како и дека американскиот претседател ја попречувал истрагата.

 

Предлози за продолжување на дијалогот

На преговорите во Сочи руската страна ги истакнала идеите за поитивен развој на билатералните односи со САД во посебен меморандум и се надева дека Вашингтон ќе ги разгледа изнесените во него предлози, истакна Лавров.

„Разговаравме за чекорите кои може да дадат импулс за позитивен развој на руско-американските однос. На државниот секретар му предадовме меморанду, се надевам дека нашите идеи ќе бидат разгледани во Вашингтон“, рече шефот на руската дипломатија.

Лавров, исто така, истакна дека е можно да се надмине меѓусебната недоверба и градењето одржлива соработка меѓу Русија и сАД со формирање ткн невлади експертски совет.

„Пред сѐ, ќе ја издвојам експедитивноста за создавње невладин стручен совет составен од познати политички научници, поранешни воени претставници, дипломати, експерти во билатералните односи. Со таков поглед одстрана тие ќе помогнат да се утврди како можеме да ја надминеме насобраната заемна недовреба, во прв ред, за правилно толкување на меѓусебните активности во сферата на одбраната и за спречување на трката во вооружување, како и за перспективата и за градењето нормална одржива соработка и во другите области“, информираше Лавров.

 

Договорот за стратешкото вооружување

Русија смета дека може да постигне договор со САД за продолжување на Договорот за намалување на стратешкото вооружување (СТАРТ-3), смета рускиот министер за надворешни работи.

„Поаѓаме од претпоставката дека можем да се договориме за продолжување на спогодбата во рамките на билатералната заедничка консултативма комисија“, истакна Лавров.

Шефот на руската дипломатија додаде дека Москва е загрижена поради повторното вооружување и засилување на подморниците и стретешките бомбардери со проектили кои може да носат нуклеарни боеви глави.

„Договорот предвидува конкретни постапки кои треба да ѝ овозможат на втората страна да се осигури дека ова ново опремување е спроведено така што нема да го врати нуклеарниот потенцијал на соодветните лансирни системи и бомбардееи. Овие прашања се дискутираат во рамките на заедничката консултативна комисија, која го надгледува спроедувањето на договорот, и се надеваме дека оваа дискусија ќе даде позитивен резултат“, констатираше Лавров.

 

Меѓународни и регионални прашања

Лавров ги информираше новинарите и дека заедно со Помпео разговарале покрај за билатералните прашања, и за проблемите кои ги усложнуваат односите меѓу двете земји, како што се ситуациите во Венецуела, Сирија, Украина, на Корејскиот полуостров и за иранскиот нуклеарен договор.

„Детално дискутиравме за ситуацијата во билатералните прашања, разменивме мислења за најитните меѓунардони и регионални прашања, првенствено за ситуацијата во Венецуела, на Корејскиот полуостров, во Сирија, генерално во регионот на Блискиот исток и северот на Африка и состојбата околу Заедничкиот сеопфатен акционен план за решавање на иранската нуклеарна програма“ потпишан меѓу Техеран и шесте светски сили во 2015 година, од кој САД се повелкоа пред една година а Иран минатата седмица најави делумно суспендирање на своите обврски од договорот, рече Лавров.

 

Деловна соработка

Формирањето на деловен совет со претставници на големиот приватен бизнис од двете земји ќе помогне во создавањето добри услови заемно корисна соработка, рече Лавров.

„Сметаме, исто така, дека воспоставувањето на билатерален деловен совет е полезно, а кој би ги собрал претствниците на големиот приватен бизнис од двете страни. Тие би можеле да разработат препорали кои би биле насочен на тоа со помоп на владите да им се создатат пријатни услови за заемно полезна економска соработка“, заклучи шефот на руската дипломатија.