Лавров и Помпео во телефонски разговор разменија предупредувања за Венецуела

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го предупредил во средата својот американски колега Мајк Помпео на „разорното влијание“ на САД во Венецуела, додека Помпео рекол дека оваа латиноамериканска земја „ја дестабилизира интервенцијата“ на Русија и Куба, пренесуваат агенциите.

Во текот на теелфонскиот разговор кој се случил по американска иницијатива, Лавров оценил дека „недоволивото“ мешањето на САД во внатрешните работи на Венецуела претставува „јасно и грубо кршење“ на меѓународното право и дека тоа „деструктивнот надворешно влијание, уште повеќе насилно, нема никакви врски со демократијата“, наведе руското министерство за надворешни работи во соопштение.

Американскиот Стејт департмент, пак, соопшти дека Помпео на Лавров му рекол дека интервенцијата на Русија и Куба ја дестабилизира Венецула, и ја повикал Москва “да престане да се меша во внатрешните работи’ на Венецуела. Помпео претходно во средата рече дека претседателот Доналд Трамп е подоготвен, доколку е потребно, на интервенција на американската војска во Венецуела, каде што во вторникот мала група војници се побуни против претседателот Николас Мадуро, кој оцени дека станува збор за пропаднат обид за државен удар на опозицискиот челник Хуан Гуаидо кој е поддржан од Вашингтон.

„Продолжувањето на овие агресивни чекори носи тешки последици“, рекол Лавров во разговорот со Помпео. Лавров додал и дека „единствено венецуелскиот народ има право да одлучува за својата судбина“ и барал
„разговор меѓу сите политички сили во земјата“.

Американските власти во вторникот покренаа дипломатска и медиумска офанзива за зголемување на притисокот врз Мадуро, предупредувајќи против поддршката за венецуелскиот претседател повикувајќи ги припадниците на властите во Каракас да му се придружат на Гуаидо.

Во вторникот неколку илјади демонстранти се спротиставија на силите на редот на улиците на венецуелската престолнина Каракас и поддржаа мала група војници кои му се придружиле на Гуаидо. Според медиумиски информации, наводно најмалку едно лице загунало во протестите, а над сто се повредени, од кои две со огнено оружје, а другите со гумени куршуми, дијаболи од воздушни пушки и со солзавец.

Венецуела од 23-ти јануари ја тресе силна политичка криза, откако опозиционерот Хуан Гуаидо кој е претседател на Народното собрание се самопрогласи за привремен претседател на земјата, а го признаа САД и нивните сојузници. Тие бараат отстапување од претседателската должност на Николас Мадуро кој ланскиот октомври победи на претседателските избори и го освои вториот мандат и одбива да се повлече.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.