Лавров: Киевскиот режим поттикнуваше нацизам, Европа мирно гледаше

Западот ја одмолчуваше жестината на проблемот во Украина и се создаде впечатокот дека во оваа земја пред 24-ти февруари, и руската специјална операција ништо не се случуваше, а во текот на саботирањето на Минските договори убиени се 14.000 цивили, рече меѓу другото рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во ексклузивното интервју за сервисот на српскиот босанскохерцеговски ентитет односно Радио-телевизија на Република Србија (РТРС) емитувано во саботата во кое се задржува и на дејството на западните агентури во Украина и на забраната на Западот за властите во Киев да постигнат договор со Москва.

Лавров истакна дека сегашната ситуација во Украина е започната одамна, најмалку до 2014 година кога и покрај гаранциите на Франција, Германија и Полска, кои го поддржаа договорот и предвремените избори со тогашниот украински претседател Виктор Јанукович и опозицијата, веќе следното утро по потпишување на документот неонацистите и ултрарадикалите ја преземаа власта во земјата, а Берлин и Париз покажаа слабост како и целата Европска унија.

Додаде дека тоа продолжило и кога „неонацистите, кои ја освоија власта во Украина, на 2-ри мај (2014-та) во Одеса живи изгореа 50 луѓе, кога украинските вооружени сили и борбената авијација го бомбардираше центарот на Луганск и други места на истокот на земјата“.

„Ги бомбардираа само затоа што одбија да ги прифатат резултатите на противуставниот државен удар, затоа што одбија да живеат во рамките на неонацистичките правила, целосно русофобни, целосно екстремистички, кои всушност ги повторуваат сите основни традиции на Третиот Рајх и ги почитуваат луѓето кои во тоа време соработуваа со нацистите“, рече шефот на руската дипломатија.

Лавров рече дека Минскиот мировен договор од 2015 година, на кој гаранти се Русија, Украина, Германија и Франција, бил последната шанса да се зачува територијалниот интегритет на Украина, и дека не би имало причини за (руската) одбрана на Донбас кога тој договор би бил исполнет. Истакна дека ЕУ на примерот на Минскиот договор, кој им даваше широка автономија на одметнатите проруски региони Доњецк и Луганск докажала дека нема кредибилитет, дека не може да почитува договори и оти нема желба да го убеди Киев да ги исполни своите обврски.

„… Во случајот со Минскиот договор уште е поинтересно што тој договор беше одобрен од страна на Советот за безбедност при Обединетите нации, но сепак ЕУ плукна на него и го погази, исто како и САД. Сѐ што работеа беше да го поттикнуваат киевскиот режим во неговите русофобни активности“, тврди Лавров.

Првиот руски дипломат вели дека исполнувањето на Минскиот договор со години е саботирано, и дека „наместо давањето на правото за употреба на рускиот јазик во Донбас, киевскиот режим забрани и користење на рускиот јазик и во образованието, медиумите, културата и книжевноста и истовремено законодавно ја поттикнуваше неонацистичката теорија и нацистичката практика, вклучително и создавање на таквите баталјони и јакнењето на симболите коишто, всушност, така да се каже ја прославија хитлерова Германија“.

„И тоа што Европа сето тоа мирно го набљудуваше, натера многу наши историчари и политиколози да се присетат како Европа на почетокот се однесуваше кон Хитлер и колку европски земји ги мобилизираа своите војници во војската на Третиот Рајх“, рече Лавров.

 

За ширењето на НАТО

Шефот на руската дипломатија истакна дека Русија повеќепати, паралелно со барањето за почитување на Минскиот договор, го потсетувала Западот дека неговата политика на ширење кон истокот лошо ќе заврши. За Лавров нема сомнение дека Западот ја вооружувал Украина и создавал од неа база преку којашто ќе ѝ се заканува и ќе ја создржува Руската Федерација.

Стотици офицери на американската Централна разузнавачка агенција (CIA) и британски разузнавачи долги години се активни во Украина, тврди во споменатото интервју шефот на руската дипломатија.

„Паралелно, во тоа нема никакви сомнежи, со трупањето оружје во Украина, таму работеа стотици офицери на CIA и британски разузнавачи. Мислам дека веќе десет години се таму, заземаат огромни простории во зградите на официјалните украински служби и агенции. Претежно сѐ контролираат“, рече Лавров.

Истакна дека западните земји, одбивајќи ги предлозите и компромисите од Русија, „ги оправдаа најголемите стравувања дека во практиката дека Украина се претвора во упориште од кое ќе ѝ се упатуваат закани и ќе се ограничува“ неговата земја.

„Еве зашто ние немавме поинаков избор, туку да ги признаеме оние републики, коишто мораа да го добијат од Украина својот специјален статус и да останат во составот на Украина, односно на кои украинските вооружени сили, таканаречените украински национални баталјони продолжија со агресивното настапување“, истакна Лавров.

Вели дека жали што сега во Европа преку медиумите се создава впечатокот дека пред почетокот на руската „специјална воена операција“ во Украина од 24-ти февруари, никој не разбирал што се случува.

„Секој ден стрелаа во текот на годините саботирање на Минскиот договор, 14.000 цивили беа убиени во директните гранатирања на градови, цивилната инфраструктура, вклучително училишта, болници, детски градинки…“, наброја рускиот министер за надворешни работи.

Додаде дека западните политичари не сакале да се отвораат тие теми во медиумите, бидејќи не сакале нивното население и гласачите да разберат што всушност се случува во Украина.

„И, знаете, кога неодамна претседателот (на Русија, Владимир) Путин ги карактеризираше САД, и Западот кој во моментов го водат, како империја на лагата, таа империја на лагата одамна е создадена. И филтрирањето на медиумскиот простор, директното кршење на обврските во рамките на ОБСЕ, са се обезбеди слободен непречен пристап до сите информации, како на изворите во својата земја, така и во странство, Западот сето тоа одамна го погреба“, рече Лавров.

 

Западот го забрани продолжувањето на мировните преговори

„Украина е една ситница, монета за поткусурување, инструмент со кој манипулираа САД и Велика Британија, англосаксонскиот колектив кои сега е на чело на Западот и на кој целосно послушници му се и НАТО и ЕУ која ја загуби својата самостојност уште пред извесно време и, секако, дирижира со Украинците како со инструмент за создржување на Русија, како што сега велат за истоштување на Русија, како со инструмент кој на борбено поле ќе ја порази Русија“, рече Лавров и посочи дека тоа се изјави на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, и на британскиот премиер Борис Џонсон, како и на неколку американски функционери.

Западот, еден ден по руско-украинската средба во Истанбул, на 29-ти март, кога украинската страна се согласи на постигнување договор вклучително и со прогласување на своја воена неутралност, му забранил на Киев да ги продолжи преговорите со Москва, додаде Лавров, со што се надоврза на неодамнешните тврдења на шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, кој беше покровител на тој состанок, но и на некои украински медиуми, кои пишуваа дека со таква цел во Киев по неколку дена тајно допатуваат британскиот премиер Борис Џонсон и американскиот министер за одбрана Лојд Остин.

„Ова е одговорот на прашањето дали преговорите имаат некаква перспектива. Западот не ѝ дозволува на Украина да преговара. Пред два месеца изгледаше дека Украина даде предлог како да биде решено ова прашање, ние тие предлози ги земавме за основа. Еден ден подоцна, Западот им забрани на Украинците да го продолжат процесот“, рече Лавров.

Шефот на руската дипломатија притоа истакна дека од тој момент ставот на украинската страна значително е променет.

„Направена е провокацијата во Буча, која на најочигледен начин е апсолутно исценирана. Три дена откако руските војници ја напуштија Буча, тамо живееја луѓе и градоначалникот се возеше по улиците и се снимаше, и само три дена подоцна нашле некакви трипови. Притоа, до ден денешен не се соопштени имињата на загинатите кои ги покажуваа ви западните медиуми и на социјалните мрежи, никој не ги објави имињата. Никој не даде информации на кој начин биле убиени, со какви повреди се здобиле“, рече Лавров додавајќи дека „тоа уште еднаш докажува дека Западот не сака никакви факти“.

Според него, за Западот е многу важно да уфрли провокација, да крене голема бука од тоа, а кога луѓето ќе почнат да се распрашуваат подетално за фактите, тоа га става настрана и смислува нови лажни вести.

„Секако гледате како ја напумпаа Украина со тешко вооружување, сега Американците даваат и повеќецевни ракетни лансери, веднаш се вмешаа и Англичаните, кои веројатно чекаа дозвола од Вашингтон. И кога Британците велат ‘и ние ќе дадеме ракетни системи’, тоа е многу ризично. Тие изјавуваат дека со Русите војуваат Украинци и гинат Украинци, и велат ‘нека, нека гинат, а ние само им даваме оружје’, коешто на крајот ќе доведе до гинење на уште повеќе Украинци. А во Мариупол и Азовстал беа решени сите задачи, и тоа со минимални загуби“, наведе рускиот министер за надворешни работи.

Потсети дека руските претседател наложи големиот и добро утврдениот металуршки комбинат „Азовстал“ крај јужниот пристанишен град Мариупол да биде опколен и да не биде заземен со јуриш, како и дека потоа „убијците-крволоци“ од баталјонот „Азов“ кои Киев не се потруди да ги извлече или спаси преку преговори, самите се предадоа.

 

Повеќето Европејци силно ќе трпат последици од санкциите против Русија

Кога станува збор за санкциите коишто Западот ѝ ги воведе последните осум години на Русија, а особено жестоки и речиси целосни по крахот на февраури, Лавров истакна дека последиците од санкциите повеќе се одразиле на самата Европа отколку на Русија која поради тоа се свртела кон сопствените капацитети и веродостојните партнери. Додаде и дека европските граѓани се соочуваат со рекордна инфлација и влошување на животниот стандард, а на многумина на континентот им се заканува сиромаштија.

„Во Европа се влошува животниот стандард, инфлацијата расте, а забавува растот. Се јави веќе и термин ‘нови сиромашни’. Луѓето страдаат од претстојните проблеми, вклучително и растот на цените. Многумина се изложени на ризик од сиромаштија“, рече Лавров.

И покрај тоа, додаде шефот на руската дипломатија, сепак сѐ уште стотици милијарди долари и евра одат на вооружување на Украина.

„Германија објави дека е важно да не се доделуваат пакети помош на нејзините граѓани во тешкиот период на поскапувања, туку да се издвојат 100 милијарди евра за милитаризација на нивната земја. Тоа ги потсетува многумина во Европа дека изјавата Германија да се претвори во водечка европска воена сила, можеби нема да биде сфатена како безопасна“, додаде Лавров.

Кога станува за шестиот пакет санкции и ограничувањето на испорака на руската нафта преку море, Лавров рече дека нафтата воопшто не почива на политиката, бидејќи нафтениот пазар не ги следи политичките хирови и налози.

Нагласи дека Русија одамна ја загубила довербата во преговорите и искреноста и доверливоста на западните земји по 2014 година, кога беа воведени ткн „кримски санкции“, како што рече, како одмазда за искажувањето на слободната волја на населението на црноморскиот полуостров Крим, кој со два референдума по превратот во Киев со огромно мнозинство изгласа враќање на укинатата во 1990-те години автономија и враќање во рамките на Русија од која административно е изведен во 1950-те години во ерата на СССР. Истакна дека Русија тогаш започнала, пред сѐ, да смета на сопствените сили и во контактите со доверливи партнери.

„Извлекуваме еден урок – никогаш повеќе во иднина не смееме да се потпираме на овие луѓе (Западот). Тоа не значи дека нема со нив воопшто да разговараме. Тие ќе престанат да лудуваат, па некогаш ќе се смират и тогаш ќе видиме што ќе кажат“, истакна Лавров.

Порача и дека Русија „отсега и засекогаш“ не смее да дозволи некои витални сфери во животот на државата и народот да зависат од инвестициите и технологиите на западните земји.

„Како резултат на преземените мерки станавме голема земјоделска сила. Дотогаш долги години увезувавме големи количества храна“, посочи Лавров.