Лавров му се заблагодари на Додик поради ставот на српската страна во БиХ во врска со антируските санкции

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров му се заблагодари во четвртокот во текот на средбата во Санкт Петербург на српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик поради ставот на српската страна, додека самиот Додик истакна дека БиХ не се приклучија на западните санкции против Русија поради војната во Украина.

Лавров и Додик се сретнаа на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург каде што лидерот на босанскохерцеговските Срби во петок ќе се сретне и со рускиот претседател Владимир Путин.

Како што пренесе Радио-телевизија на Република Српска (РТРС), шефот на руската дипломатија му се заблагодарил на српскиот член на претседателството на БиХ за ставовите околу воведувањето на санкциите за Русија.

„Знам дека и во БиХ има многумина кои сакаат да биде урнато пријателството меѓу Република Србија и Русија. Се надевав на нашата средба во Белград, но како што знаете, за жал, тоа не се случи“, изјави Лавров во текот на средбата со Додик.

Минатонеделната посета на Лавров на Белград, каде што требаше да се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и со Додик, беше откажана откако на неговиот авион му беше забранет прелет над Бугарија, Македонија и Црна Гора.

Ви изјавата за медиумите Додик истакна дека БиХ не ѝ воведе санкции на Руската Федерација поради што „Западот се лути“, како и дека српската страна се наоѓа под силни притисоци поради тоа.

„Ние сме изложени на сериозни притисоци, особено во врска со судирот во Украина. Од нас се бара да се придружиме на санкциите за Русија, но Република Српска тоа не го дозволува“, рече Додик додавајќи дека на форумот во Санкт Петербург дошол како претставник на Република Српска,

На собирот Додик за Босна и Херцеговина рече дека останува нестабилна земја, бидејќи се наоѓа под протекторат на Западот.