Лавров повика на итен прекин на огнот во Нагорно-Карабах

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во телефонски разговор со шефовите на дипломатиите на на Ерменија и Азербејџан, Зограб Манкаканијан и Чејхун Бајрамов, денеска побара итен прекин на огнот во Нагорно-Карабах.

„Во разговорите беше разгледана ситуацијата во зоната на конфликтот. Русија изрази сериозна загриженост во врска со континуираните големи борбени операции во Нагорно-Карабах. Испративме повик за итен прекин на огнот и деескалација на тензиите”, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Руското МНР додава дека Лавров ја истакнал потребата двете страни под итно да се вратат на преговарачката маса.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.