Лавров: Русија не се согласуваше со повеќето политички ставови на Болтон

33

Москва не ги подржуваше суровите пристапи на поранешниот американски советник за национална безбедност Џон Болтон за надминување на повеќето современи кризи, изјави денеска шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, пренесе Tасс.

-За повеќето прашања ние не бевме согласни со него. Тој има остар стил, се потпира на методите на сила, вклучувајќи ја и воената сила. Како што знаете, тој поттикна серија вакви иницијативи во врска со современите кризни ситуации, независно дали стануваше збор за ситуацијата околу Венецуела, Иран или на друга страна од светот, го кажа својот став првиот руски дипломат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.